Според Андреевски, ова е четврти мандат во кој кандидати на СДС ја водат општината и веќе се влегува во 14-та година од нивното управување. Тој го посочи овој период како можност да се променат плановите за кои сега се упатуваат критики.
„Господине градоначалник детален урбанистички план ако сакавте до сега можевте да смените пет пати, зошто тоа не го направивте?“, праша Андреевски.
Тој реагираше на оценките дека некој ја унаказил општината со згради без паркинзи. Неговиот аргумент е дека, ако состојбите во минатото не биле добри, долгогодишното управување на СДС давало можност да се изменат дел од деталните урбанистички планови, наместо повторно да се посочува минатото.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.