Четвртиот граѓански буџетски форум за Буџетот на Општина Гази Баба за 2027 година ќе се одржи денес во 17:30 часот во ООУ „Крум Тошев“ во Трубарево. Жителите од седум населени места се поканети да ги споделат своите идеи, потреби и предлози.
На форумот се поканети граѓаните од Ергеле, Трубарево, Гоце Делчев, Јурумлери, Колонија, Идризово и Дрма. Целта е заеднички да се утврдат приоритетите за овие населени места во буџетот за 2027 година.
Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.