Градинката се гради во Козле и е предвидена за 130 деца. Во Влае започнала изградбата на повеќенаменска сала во ООУ „Димо Хаџи Димов“, со површина од 1.400 квадратни метри. Според објавеното, проектот е изработен според европски и меѓународни спортски стандарди.
Изградбата на уште една повеќенаменска сала во ООУ „Братство“ започнала со поставување камен-темелник.
Лукровски ја најавил реконструкцијата на Мега-паркот во Карпош 4 како дел од соработката со Град Скопје. Во претходна објава тој соопштил дека Советот на Општина Карпош ја поддржал измената на одлуката за партерно уредување и озеленување на паркот.
Во објавата било наведено дека средствата се зголемуваат од 30 на 118 милиони денари и дека Град Скопје целосно ќе ги обезбеди. Предвидени се хортикултурно уредување и озеленување, пешачки површини, паркинг-простори, спортски игралишта, летна сцена, геодетски снимања и проектна документација.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.