Инспекторите ја прегледуваат градежната документација и проверуваат дали и првично изградените делови од објектите се законски, како и дали се почитуваат другите законски обврски. Општината ги спроведува контролите во координација со инспекциските служби на Град Скопје и со Министерството за внатрешни работи.
Паралелно се засилени и сообраќајните контроли. Се изрекуваат казни за непрописно паркирање на пешачки премини, велосипедски патеки, зелени површини и други јавни простори.
Општината порача дека јавниот простор мора да биде достапен за граѓаните и дека правилата ќе ги применува еднакво за сите. Засилените контроли ќе продолжат и во наредниот период за да се подобрат редот, безбедноста и почитувањето на прописите.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.