Советниците прашуваат и дали биле разгледани други понуди и кој ги донел одлуките. Левица наведува дека досега не добиле соодветен извештај.
Левица во Карпош тврди дека граѓаните се соочуваат со преполни контејнери, глодари, инсекти и недоволна грижа за хигиената. Според партијата, овие проблеми се присутни додека се организираат свечености и се трошат средства за угостување.
Партијата тврди дека официјалната Фејсбук-страница на Општина Карпош сѐ повеќе се користи за лична промоција на градоначалникот, наместо за навремено, транспарентно и корисно информирање на граѓаните. Левица бара транспарентност и отчетност во управувањето со општинските ресурси.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.