Скопје 1°
Локални вести
Редакција: Град СкопјеИспрати тема

Мени на Град Скопје

Редакција:Град СкопјеЛокални вести и информации
Испрати тема

Нова пешачка патека од 650 метри на патот до училиште во Катланово

Фотографија од настанот · Борче Митевски
Фотографија од настанот · Борче Митевски

Во Катланово, во општина Петровец, изградена е пешачка патека долга 650 метри. По неа секојдневно минуваат децата на пат до училиште.

Градоначалникот на Петровец, Борче Митевски, оцени дека со новата поплочена патека се подобрува инфраструктурата во Катланово, а пред сѐ се зголемува безбедноста на пешаците, особено на учениците.

Митевски и жители на Катланово ја разгледаа патеката. На увидот беа и претседателот на општинскиот совет Жарко Крстевски, советничката од Катланово Даниела Трајковска и претседателката на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Петровец, Драгана Узелац.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.