Фотографија објавена на јавниот профил на Александар Георгиевски — Илинден
Меѓу приоритетите се подобрувањето на инфраструктурата и повисокиот квалитет на јавните услуги.
Учесниците направија преглед на досегашната работа и на резултатите од консултациите за планот.
Заедничката цел е да се подобрат условите за живот за сите жители на општината.
Учесниците на завршната работилница за Стратешкиот план за развој на Општина Илинден ги усогласија развојните приоритети и стратешките цели за периодот од 2027 до 2031 година. Меѓу приоритетите се подобрувањето на инфраструктурата и повисокиот квалитет на јавните услуги.
Учесниците направија преглед на досегашната работа и на резултатите од консултациите за планот. Посебно внимание им посветија и на развојот на локалната економија, заштитата на животната средина, образованието, културата и спортот.
Александар Георгиевски се заложи за отворено и одговорно планирање со учество на институциите и на сите засегнати страни. Заедничката цел е да се подобрат условите за живот за сите жители на општината.
Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.