Еден предлог предвидува сопствено учество на Општината и одобрување средства за првата фаза од изградбата на атмосферска и фекална канализација во Ново Село, во опфатот на ДУП СЗ 03. Проектот треба да го подобри одведувањето на атмосферските и отпадните води и да го намали ризикот од поплавување.
На седницата се разгледува и предлог за меѓуопштинска соработка со Град Скопје. Таа би опфатила изградба, реконструкција, санација и асфалтирање улици на територијата на Општина Ѓорче Петров.
Третиот предлог е за формирање Општински совет за превенција на детско престапништво. Целта е подобра координација меѓу институциите, навремено препознавање ризици и соодветна поддршка за децата и семејствата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.