Жителите, според изјавата на ВМРО-ДПМНЕ, укажале дека застоената вода создава услови за размножување комарци и други штетници. Партијата наведува дека просторот е ограден речиси две децении.
Според партијата, жителите побарале помош од Комуналната инспекција и добиле одговор дека Општина Центар не е надлежна бидејќи станува збор за приватен имот.
ВМРО-ДПМНЕ бара да се утврди фактичката состојба, да се преземат мерки во рамките на законските надлежности за отстранување на отпадот, застоената вода и потенцијалните извори на штетници, како и да се побара од сопственикот да отстрани евентуални неправилности. Партијата бара и јавноста да биде информирана за преземените чекори и роковите.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.