За инфраструктурата, партискиот преглед наведува дека завршила реконструкцијата на улиците „Џумајска“ и „Трифун Бузев“, е реконструиран дел од „Бранислав Нушиќ“ и започнала реконструкцијата на „Јуриј Гагарин“ во Козле.
Во истиот преглед се наведува дека целосно се обновени игралишта кај фонтаната во Карпош 3, на плоштадот ПБК спроти студентскиот дом „Гоце Делчев“, на улицата „Никола Парапунов“ спроти „Специјал“ во Карпош 4, во дворот на ООУ „Ј. А. Коменски“, на улицата „Љубљанска“ до Адреналинскиот парк, на „Јуриј Гагарин“ 23 и меѓу броевите 25 и 35, на плоштадот Млечен, во Жданец кај спортските терени, на улицата „Козле“ 8 и во Нерези.
За периодот што следува, ВМРО-ДПМНЕ наведува изградба на градинката „Пролет 2“, нови и унапредени спортски сали, мега-парк и нови зелени површини. Во градоначалничкиот отчет објавен на 3 октомври се наведува дека изградбата на градинката во Козле веќе започнала и дека таа е предвидена за 130 деца.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.