Известувањето се темели на одлуката на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги и на прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи. Според регулативата, снабдувањето вообичаено започнува на 15 октомври, но може да почне и порано, од 1 октомври, ако прогнозираната средна надворешна температура за наредниот ден е 12 степени или пониска.
За информации или пријавување потреба од интервенции, потрошувачите можат да се обратат во Центарот за грижа на потрошувачи на ЕСМ Снабдување со топлина на телефонските броеви 02 3076 200 и 075 400 100.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.