На булеварот „Метрополит Теодосиј Гологанов“ се прередуваат пропаднати бехатон-плочи, а на улицата „Ѓорче Петров“ се вршат машински ископ и планирање тампон на пешачка патека. Во Мега паркот во Карпош се планира тампонски слој и се поставуваат мали рабници на пешачките и пристапните патеки.
На улицата „Филип Втори“ се поставуваат заштитни столбчиња, а во Зоолошката градина се шалува парапет за заштитна ограда на живеалиште кај животните. На кејот на Вардар рачно се чисти обрасната вегетација на косините.
На градските сообраќајници ноќе се обележува хоризонтална сигнализација и се заменуваат оштетени сообраќајни знаци. На семафоризираните крстосници се санираат дефекти на семафорите и семафорската опрема.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.