Кампањата ги носеше пораките „Секој може да биде жртва“ и „Не оставај вредни предмети во вашиот автомобил“. Таа беше дел од превентивните активности на полицијата за спречување имотни деликти.
Во ООУ „Петар Поп Арсов“ во Карпош, истото одделение одржа и три работилници за врсничко насилство, насилство на социјалните мрежи и зависности. Учениците преку интерактивни разговори ги разгледуваа физичкото и психичкото насилство, агресивното однесување меѓу младите и зависностите, со акцент на нивното препознавање, избегнување и пријавување.
На учениците им беа објаснети полициските законски овластувања и казнените одредби на начин приспособен на нивната возраст. Тие добија летоци со порака да се запре булингот и дека никој не заслужува да се чувствува безвредно и небезбедно.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.