Настанот го организираат Стаменкоска-Трајкоска и Јавното претпријатие за благосостојба на животни скитници „Лајка“ – Скопје. Ќе се одржи пред Домот на културата „Билјана Беличанец“, а програмата е организирана во пресрет на Светскиот ден на животните под мотото „Не можат да зборуваат, но можат да сакаат“.
Дневната програма почнува во 11.00 часот. Посетителите ќе можат да добијат стручни совети од ветеринар за здравствената грижа и исхраната на милениците.
Професионални грумери ќе одржат практични демонстрации, консултации и шишање на кучиња. Најавени се и содржини од пет-шопови, како и презентации на храна и реквизити.
Во 19.00 часот, пред киното „Киноверзум“, е најавена проекција на отворено на филмот „Приказната за Силјан“. Посетителите ќе можат да дојдат и со своите миленици.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.