Информацијата е согласно одлуката на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на РСМ и се темели на прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи за средна дневна температура во Скопје од 18 степени Целзиусови за тој ден.
Според регулативата, снабдувањето со топлинска енергија вообичаено започнува од 15 октомври. Може да почне и порано, од 1 октомври, ако прогнозираната средна надворешна температура за наредниот ден е еднаква или помала од 12 степени Целзиусови, според податоците на Управата за хидрометеоролошки работи.
За информации или пријави за интервенции, потрошувачите може да се јават во Центарот за грижа на потрошувачи на 02 3076 200 и 075 400 100.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.