Фотографија објавена на јавниот профил на ООУ„Наум Наумовски Борче“ — Гази Баба
Новата државна титула на Панова е во забрзан шах.
Претходно Панова стана државна првенка во стандарден шах.
Дина Панова, ученичка во ООУ „Наум Наумовски Борче“ во Гази Баба, стана државна првенка во забрзан шах. Претходно ја освои државната титула во стандарден шах.
Училиштето ги припиша двата успеси на нејзиниот талент, упорната работа и љубовта кон шахот. Оттаму посочија дека за успех во двете дисциплини, покрај знаење, потребни се концентрација, трпение и способност да се избере вистинскиот потег и под притисок.
Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.