За изградбата на објектот, во кој покрај училниците има и нови тоалети, Министерството за образование и наука обезбеди 37 милиони денари од својот буџет. Објектот го отворија премиерот Христијан Мицкоски, министерката за образование и наука Весна Јаневска и градоначалникот на Бутел, Дарко Костовски.
Јаневска рече дека на училиштето му бил потребен дополнителен простор и дека Владата и Министерството го обезбедиле во соработка со општината. Владата сака повеќе училишта во Македонија да работат во една смена и да нудат целодневна настава. Според министерката, така децата имаат повеќе можности за дружење, подобра концентрација на утринските часови и повеќе наставни и воннаставни активности, а училиштата имаат пониски трошоци за работа.
Од вкупно 1.023 училишни објекти во земјава, повеќе од 620 работат во една смена. Министерството во моментов работи на 20 проекти за проширување на училиштата за да може да се воведе ваков начин на работа во повеќе општини.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.