Скопје 3°
Локални вести
Редакција: Град СкопјеИспрати тема

Мени на Град Скопје

Редакција:Град СкопјеЛокални вести и информации
Испрати тема

Во „Ацо Шопов“ во Радишани има место за уште стотина ученици

Извор на фотографијата: Министерство за образование и наука
Извор на фотографијата: Министерство за образование и наука
  • Во новите училници ќе има целодневна настава од прво до трето одделение.
  • Министерството обезбеди 37 милиони денари за изградбата на објектот.

Основното училиште „Ацо Шопов“ во Радишани од денес има четири нови училници и ќе може да запише уште стотина ученици од општина Бутел. Во новиот објект учениците од прво до трето одделение ќе имаат целодневна настава.

За изградбата на објектот, во кој покрај училниците има и нови тоалети, Министерството за образование и наука обезбеди 37 милиони денари од својот буџет. Објектот го отворија премиерот Христијан Мицкоски, министерката за образование и наука Весна Јаневска и градоначалникот на Бутел, Дарко Костовски.

Јаневска рече дека на училиштето му бил потребен дополнителен простор и дека Владата и Министерството го обезбедиле во соработка со општината. Владата сака повеќе училишта во Македонија да работат во една смена и да нудат целодневна настава. Според министерката, така децата имаат повеќе можности за дружење, подобра концентрација на утринските часови и повеќе наставни и воннаставни активности, а училиштата имаат пониски трошоци за работа.

Од вкупно 1.023 училишни објекти во земјава, повеќе од 620 работат во една смена. Министерството во моментов работи на 20 проекти за проширување на училиштата за да може да се воведе ваков начин на работа во повеќе општини.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.