Најважно
Скопје 2°
Најважно
Локални вести
Редакција: Град СкопјеИспрати тема

Мени на Град Скопје

Редакција:Град СкопјеЛокални вести и информации
Испрати тема

Во Карпош отворена изложба на дела од отпад од пакување, гран при за ученици од Брвеница

Извор на фотографијата: Општина Карпош
Извор на фотографијата: Општина Карпош
  • Гран при освоија учениците од ООУ „Костан Рацин“ од Брвеница.
  • Изложбата е отворена во холот на Општина Карпош.
  • Изложени се дела од Македонија, Србија и Црна Гора; изложбата ќе трае три дена, до петок.

Учениците од ООУ „Костан Рацин“ од Брвеница ја освоија главната награда на меѓународната изложба на уметнички дела од отпад од пакување, отворена денеска во холот на Општина Карпош.

Златната награда им припадна на учениците од ООУ „Алија Изетбеговиќ“ од Батинци. Сребрената ја освоија учениците од ООУ „Кочо Рацин“ од Куманово, а бронзената учениците од ООУ „Братство-единство“ од Охрид.

На изложбата за деца и млади „Творење и креирање на дела од отпад од пакување“ се изложени творби на основци од цела Македонија, како и дела на ученици од Чачак во Србија и од Цетиње и Тиват во Црна Гора.

Целта е преку ученичките дела да се поттикне свеста дека граѓаните, индустријата и институциите можат заедно ефикасно и одржливо да управуваат со отпадот од пакување. Намерата е да се намали еколошкиот отпечаток и да се поттикне повторната употреба на материјалите како дел од циркуларната економија во Македонија.

Тридневната изложба ќе биде отворена до петок.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.