Адресите за привремено сместување не се откриваат јавно. Според Ѓорѓиевски, безбедното засолниште е прв чекор, но со него не се решаваат сите проблеми. Важно е жртвите да знаат дека можат да се потпрат на институциите и по првичната помош, рече тој.
При згрижувањето Градот обезбедува превоз, логистичка помош, пакети со храна и можност за разговор со стручно лице. На жртвите им се достапни и правна и психолошка помош. Ѓорѓиевски рече дека Градот ја вовел оваа поддршка и дека таа не била практика во претходните години.
За помошта да стигне до повеќе жртви, Градот соработува со невладините организации што нудат вакви услуги и финансиски ги поддржува. Соработува и со приватни работодавци за да им помогне на жртвите да најдат работа.
Ѓорѓиевски го најави проширувањето на панел-дискусија од кампањата „16 дена активизам“, под мотото „Сплотени дејствуваме, одлучни против насилство“. Дискусијата ја организираа Унијата на жени, Градскиот комитет и Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.